Discover millions of ebooks, audiobooks, and so much more with a free trial

Only $11.99/month after trial. Cancel anytime.

Земјата каде што тече мед и млеко(Macedonian Edition)
Земјата каде што тече мед и млеко(Macedonian Edition)
Земјата каде што тече мед и млеко(Macedonian Edition)
Ebook229 pages2 hours

Земјата каде што тече мед и млеко(Macedonian Edition)

Rating: 0 out of 5 stars

()

Read preview

About this ebook

Денес таа земја се нарекува 'Палестина.' За разлика од пустината Египетска, таа изобилува со вода и плодна почва. Стадата таму можат да произведат многу млеко, а поради безбројните цвеќиња што цветале по полињата, можело да се произведе и голема количина мед. Постоела и неплодна почва, но исто така имало и многу рамнини со пасишта на многу места

LanguageМакедонски
Release dateFeb 15, 2024
ISBN9791126311293
Земјата каде што тече мед и млеко(Macedonian Edition)

Reviews for Земјата каде што тече мед и млеко(Macedonian Edition)

Rating: 0 out of 5 stars
0 ratings

0 ratings0 reviews

What did you think?

Tap to rate

Review must be at least 10 words

    Book preview

    Земјата каде што тече мед и млеко(Macedonian Edition) - Jaerock Lee

    Содржина

    cover

    title

    copyright

    Пролог

    Глава 1 Изведи го народот Мој од земјата

    Глава 2 Ќе те направам како Бог

    Глава 3 И ќе знаете дека Јас сум ГОСПОД, вашиот Бог

    Глава 4 Ако ГОСПОД е задоволен од нас

    Глава 5 ГОСПОД, твојот Бог е со тебе

    Глава 6 Ја поминуваат реката Јордан по суво тло

    Глава 7 Затоа што ГОСПОД ви го даде градот

    Глава 8 Го прекршија заветот Мој

    Глава 9 Сонцето и Месечината застануваат

    Глава 10 Дај ми ја оваа ридчеста земја

    Глава 11 Ќе биде ваше

    Глава 12 Што се однесува до мене и мојот дом, ние ќе му служиме на ГОСПОДА

    Епилог

    Автор

    backcover

    logo

    cover.jpgtitle

    Земјата каде што тече мед и млеко

    од Др. Џерок Ли

    Објавено од страна на Урим Книги (Претставник: Johnny. H. Kim)

    235-3, Guro-dong 3, Guro-gu, Seoul, Korea

    www.urimbooks.com

    Сите права се задржани. Оваа книга или некои нејзини делови, не смеат да бидат репродуцирани во било која форма, да се чуваат во обновувачки систем, или да бидат пренесувани во било каква форма или преку било какви средства, електронски, механички, преку фотокопирање, снимање или на некој друг начин, без претходна писмена дозвола од страна на издавачот.

    Ако не е наведено поинаку, сите цитати од Светото Писмо се земени од Светата Библија, НОВА АМЕРИКАНСКА СТАНДАРДНА БИБЛИЈА (NEW AMERICAN STANDARD BIBLE, ®, Авторско Право © 1960, 1962, 1963, 1968, 1971, 1972, 1973, 1975, 1977, 1995 од страна на Локман Фондацијата. Употребени со дозвола.

    Авторско право ⓒ 2010 од Др. Џерок Ли

    ISBN: 979-11-263-1129-3 (ebook)

    Преведувачко Авторско Право ⓒ 2008 од страна на Др. Естер К. Чанг. Употребено со дозвола.

    Претходно објавено на Кореански од страна на Урим Книги, Сеул, Кореа во 2007.

    За прв пат објавно во јули, 2009

    Уредено од страна на Др. Геумсун Вин

    Дизајнирано од страна на

    Отпечатено од страна на Јевон Компанија за Печатење За повеќе информации ве молиме контактирајте ги urimbook@hotmail.com

    Пролог

    Историските книги во коишто се запишани историските факти за една нација, често стануваат добри водичи за луѓето од подоцнежните генерации. Романите базирани на историски факти, исто така се сакана литература на многумина. Јас на пример, научив многу за војните, соработката, стратегиите кај некои луѓе, како и однесувањето на нивното срце, преку читањето на кинескиот класичен роман Романсата на трите кралства.

    Но највеличенствениот и најдобар историски водич којшто до сега бил запишан, и којшто може да ни ги води нашите животи, е секако Библијата. Од создавањето на светот, па сé до нештата кои треба да се случат во иднина, Библијата ја содржи човечката историја од самиот почеток, па сé до самиот крај.

    Бог го избрал народот Израелски и го направил модел за човечката култивација. Тој и понатаму им ја покажува Својата љубов и ги води кон прекрасното Кралство Небесно. Особено записите за освојувањето на Земјата Ханаанска, запишани во пет книги, Исход, Левит, Броеви, Второзаконие и Исус Навин, ја содржат во себе бескрајната љубов Божја и Неговата искрена желба да станеме свети и осветени чеда Божји.

    Водачот на Исходот, Мојсеј, и неговиот наследник, Исус Навин, и двајцата верувале во Семоќниот Бог. Тие секогаш ја следеле волјата на Бога и покажувале прекрасни знаци и чудеса. Многу го величеле Бога преку победите коишто ги извојувале. Сосем спротивно на нив, е случајот на фараонот и неговите службеници, кои што не го прифатиле Богот Создателот. Наместо да го прифатат, тие му се спротивставиле. На крајот морале да се соочат со катастрофи и проклетства.

    Бог е вистинскиот Господар на историјата, Кој што ги контролира животот, смртта, среќата и несреќата на индивидуите, како и подемот и падот на нациите.

    Но која е причината Земјата Ханаанска да биде наречена, Земја каде што тече мед и млеко?

    Битие 10:19 гласи, Така што Ханаанските предели се протегаа од Сидон до Герар, па сé до Газа; па потоа одеше од Содом, Гомора, Адма и Цевоим, па сé до Лаша. Земјата Ханаанска била сета таа земја, којашто се наоѓала западно од реката Јордан.

    Денес таа земја се нарекува ‘Палестина.’ За разлика од пустината Египетска, таа изобилува со вода и плодна почва. Стадата таму можат да произведат многу млеко, а поради безбројните цвеќиња што цветале по полињата, можело да се произведе и голема количина мед. Постоела и неплодна почва, но исто така имало и многу рамнини со пасишта на многу места. Поради благата клима којшато таму владеела, имало многу маслинки, грозје, калинки, смокви и рж. Во оваа област исто така имало голем број на говеда, и изобилство на морска храна.

    Земјата Ханаанска исто така е наречена Ветената Божја Земја (Второзаконие 11:9), а во духовна смисла, го симболизира Кралството Небесно, за коешто постојано копнееме. Процесот каде што Израелците се потпираат на ветувањето дадено од страна на Бога, и освојувањето на земјата во која тече мед и млеко, симболично ја претставува духовната битка што сите ние ја водиме, и со која се соочуваме во нашите секојдневни Христијански животи.

    Кога ќе го видиме процесот на Исходот, четириесетте години поминати во пустината, поминувањето на реката Јордан и освојувањето на градот Ерихон, а потоа и на Земјата Ханаанска, можеме да го согледаме животниот пат којшто води кон примањето спасение, и којшто маршира кон Кралството Небесно.

    Бог ги извел Израелците надвор од Египет и ги повел кон Земјата Ханаанска, каде што течеле мед и млеко. Значи Тој посакува секој од нас да ја достигне вистинската вера и да може да ужива во вечниот покој, во прекрасното Кралство Небесно. Понатаму, Тој посакува секој од нас да ја поседува верата којашто му е угодна на Бога, за да можеме да ги примиме одговорите на нашите молитви, и да примиме сé што ќе посакаме и побараме, правејќи ги сите нешта преку Неговата сила.

    Оваа книга Замјата каде што тече мед и млеко повторно оди по стапките на Мојсеја и Исуса Навина, кои што марширале во верата, со довербата во ветувањето Божјо. Верувам во тоа дека читателите ќе ги примат благословите, ќе ги научат тајните како се примат одговорите на своите молитви, и како се примаат благословите. Тие исто така ќе можат да го сватат значењето на навидум тривијалните нешта, во секојдневниот живот.

    Се молам во името на Господа, читателите да поверуваат во сите ветувања Божји, да ја освојат Земјата Ханаанска, каде што тече мед и млеко, и со сила да го завземат градот Новиот Ерусалим, најдоброто живеалиште во Кралството Небесно.

    На крајот сакам да им оддадам благодарност на Др. Геумсум Вин, Директорот на Уредувачкото Биро, на Централната Манмин Црква, на сите работници кои што се таму, како и на Преч. Јоонг-вон Ли, за нивната помош, а воедно и на секој оној кој што се молеше за извршувањето на ова дело.

    Џерок Ли

    Глава 1

    Изведи го народот Мој од земјата

    - Бог го повикува Мојсеја -

    (Исход 3:7-8) И ГОСПОД му рече, Ги видов страдањата на народот Мој во Египет, и го слушнав извикот негов против надзорниците. Позната ми е маката негова. Па затоа слегов да го избавам од власта на Египјаните и да го одведам во добрата и пространа земја, во земјата каде што течат мед и млеко.

    Денес живееме во ‘потоп на знаење и информации,’ и компјутерот е едната од главните алатки што помагаат да се издигне знаењето и информациите до повисоки димензии. Компјутерот работи во согласност со програмите што се внесени во него.

    Слично на тоа, Божјото провидение за ‘човечката култивација’ што било планирано уште пред почетокот на времето, може да се спореди со една ваква програма; тој работи сé до ден денес, без и најмала грешка. Луѓето што биле избрани за да го исполнат ова Божјо провидение, се Израелците.

    Формирањето на Израелската нација

    Бог го планирал провидението за ‘човечката култивација’ и ги создал Небесата и Земјата, и сето што се наоѓа во универзумот, за да може да се здобие со вистински чеда , со кои што би можел да ја споделува Својата вистинска љубов. Бог го создал првиот човек Адам, чекорел со него, и му го дал авторитетот да ги владее и да ги потчини сите нешта.

    Адам и Ева живееле во Градината Едемска во текот на долг временски период. Поради тоа што не ја разбирале вистински Божјата љубов, не го сочувале Неговото Слово длабоко во своите срца. Последователно на тоа, биле ставени под искушение од страна на змијата, којашто ги навела да пробаат од плодот од дрвото на познавањето на доброто и злото. Како резултат на тој престап, биле истерани од Градината Едемска и морале да го продолжат животот во страдања од тешка работа и да леат многу пот.

    Гревовите на луѓето само се зголемиле; стигнале дури до таму да Адамовиот син, Каин, го убил својот сопствен брат Авел.

    Во времето на Ное, целиот свет бил преплавен со гревови, така што Бог дури зажалил што ги создал луѓето. Тој на крајот одлучил да го казни светот. Му дозволил на Ное, единствениот праведен човек во тоа време, да ја подготви барката на спасението, и му кажал да им ја пренесе пораката за казната на луѓето.

    Луѓето сепак не го послушале Ноа. На крјот, секоја личност на земјата, освен него и неговата фамилија, биле казнети преку водата на потопот. Она што е чудно е фактот, што дури и кинеските карактери за пишување, имаат симбол за овој настан. На пример, карактерот за ‘брод’ е ‘船.’ Тој симбол е комбинација од симболите ‘барка’ (舟) бројот ‘осум’ (八), и симболот за ‘уста’ (口).

    Во истиот тој ден, во барката влегоа Ное, неговите синови Сим, Хам и Јафет, жената на Ное, и жените на синовите Ноеви, заедно со нив (Битие 7:13).

    Тоа значи дека осум членови од Ноевата фамилија се качиле во барката, бидејќи ‘уста’ во кинеските карактери исто така се однесува на ‘усти што јадат заедно,’ а ја означува ‘фамилијата.’

    Трагично е што човештвото паднало во рацете на смртта поради Адамовиот грев, но од друга страна, тоа исто така било содржано во провидението за ‘човечката култивација.’ Бог го избрал праведниот човек, за да го исполни ова провидение. Тоа бил Авраам, кој што бил наречен ‘таткото на верата.’

    Пред околу 4000 години, Бог го поставил Авраама за татко на верата и му го дал ветувањето дека ќе го награди со безбројно потомство. Бог го повикал и го извел од Ур Халдејски (којшто бил еден од поголемите градови во античката Месопотамија), и му ја дал Земјата Ханаанска.

    И му рече ГОСПОД на Аврама, откако Лот се оддели од него, Крени ги очите свои и погледни од местото каде што си сега, на север и на југ, на исток и на запад; затоа што сета земја што ја гледаш ќе ти ја дадам тебе, и на потомството твое довека. Ќе го умножам потомството твое да биде колку што е правта на земјата, а ако некој може да ги изброи зрнцата прав на земјата, ќе може да го изброи и потомството твое. Стани и изоди ја оваа земја надолж и нашироко; затоа што тебе ќе ти ја дадам (Битие 13:14-17).

    И [ГОСПОД] го изведе надвор и му рече, Погледни на Небесата и изброј ги ѕвездите ако можеш. И му рече, Толкаво ќе биде потомството твое (Битие 15:5).

    Бог му рекол на Авраама што ќе се случи со неговото потомство. Имено, Бог му кажал дека потомството негово ќе биде поробено во Египет, во текот на 400 години, и дека потоа ќе се вратат во Земјата Ханаанска.

    Бог му кажа на Авраама, Знај со сигурност дека потомците твои ќе бидат туѓинци во туѓа земја, и дека ќе робуваат и ќе бидат угнетувани во текот на четиристотини години. Но Јас ќе му судам на народот кај кого робуваат, и потоа ќе излезат од таму со големо богатство. А ти во мир ќе отидеш кај татковците свои; и ќе бидеш погребан во среќна старост. Тие пак во четвртото колено ќе се вратат ваму, бидеќи беззаконијата на Аморејците сеуште не го достигнале својот врв (Битие 15:13-16).

    На Авраама му се родил Исак, кога бил на стогодишна возраст. На Исак му се родиле Исав и Јаков. Исав го полагал правото според раѓањето да ги прими Божјите благослови, заради тоа што бил првиот син, но бил толку многу гладен што го продал своето право на помладиот брат Јаков, и тоа за чинија чорба од леќа (Битие 25:30-34).

    Да се продаде правото што според раѓањето му припаѓало, не е тривијално нешто. Тоа едноставно покажува дека Исав имал малку респект кон таквиот благослов, и дека не верувал во Бога, Кој што ги контролира сите нешта. Преку овој случај Бог ни дава предупредување, и ние самите да не станеме неморални или безбожни како Исав, кој што не ги посакувал духовните благослови и го запоставил своето право што по раѓањето му припаѓало.

    Да не биде некој блудник или безбожен како Исав, кој што за едно јадење го продаде своето првородство (Евреите 12:16).

    Од друга страна пак, неговиот брат Јаков копнеел по духовните благослови и ги преземал дури и насила. Тој бил доволно лукав да го измами татка си Исака, за да ги прими благословите што му припаѓаат на првородениот син. Но неговиот копнеж по духовните благослови му бил угоден на Бога.

    Бог планирал да го исполни Своето провидение преку потомците на Јакова, и го прочистувал во текот на долг временски период.

    Јаков го напуштил својот дом и талкал дваесет години, бегајќи од својот лут брат, па

    Enjoying the preview?
    Page 1 of 1